Трамп ги укинува санкциите врз Сирија
Фото: Принтскрин Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави укинување на санкциите врз Сирија, потег што го бара новиот лидер со кого планира да има средба во Ријад. – Ќе наредам прекин на санкциите врз Сирија – рече Трамп, по што следуваше долг аплауз во говорот во Ријад, јавија американските медиуми.