Практични демонстрации и нови знаења на вториот ден од Европската минибаскет конвенција во Скопје
Вториот ден од Европската минибаскет конвенција, која се одржува во Скопје, беше во знакот на практичната работа и едукацијата, под водство на реномирани меѓународни експерти од областа на развојот на младинската кошарка. Учесниците имаа можност да стекнат нови знаења, методи и алатки за поефикасно воведување на кошарката кај најмладите категории,


