Битолчани поразени во првиот меч во „Јане“: МЗТ Скопје А. им се врати на победите
Шампионот МЗТ Скопје А. на најдобар можен начин се врати на победничките патеки по заминувањето на тренерот Васко Атанасов. На попладневното дерби во „Јане- Сандански“, „штрковите“ остварија победа над битолскиот состав со 74-60. „Металците“ одиграа доволно сигурно за да стигнат до триумф против битолчани и да ги освојат бодовите на домашен терен.









