Конференцијата „Фер игра“: Спортот во Македонија со длабоки родови нееднаквости и недостиг од заштитни механизми
Спортскиот сектор во земјава и понатаму се соочува со длабоки родови нееднаквости, недоволни механизми за заштита и сериозна и недоволно препознаена појава на вознемирување и насилство врз спортистките. Иако во повеќето спортски организации родовата еднаквост постои во стратегиите, овие документи најчесто остануваат необврзувачки и неимплементирани,


