Нела Витошевиќ ја поставува „Три сестри“ според Чехов, претстава за ерозијата на хуманизмот
Во Македонскиот народен театар режисерката Нела Витошевиќ ги започнаа пробите на претставата „Три сестри“, според истоимената драма на А.П.Чехов. Текстот е на Васил Христов и Нела Витошевиќ. Новата постановка на „Три сестри“ ја преиспитува денешната стварност преку лепеза карактери заробени помеѓу спомените, изгубените идеали и копнежот по поинаков








