ТИМ И ИГРАЧ НА 10.КОЛО: Бојку блескаше на Чаир
Веќе неколку сезони Бесмир Бојку е еден од клучните играчи на Струга ТЛ. Повеќе од пет години се наметнува како лидер на тимот. Така беше и на гостувањето на Чаир кај Шкендија Арачиново. И не само поради прекрасниот гол уште во 9.минута, туку и поради се она што одигра на тешкиот терен. Бојку блескаше, а неговиот тим победи и тоа со стил со 0:2. Токму






