Проданоски: „Ептен мини“ го раздвижи Прилеп – над 200 деца уживаа во велосипедската трка
Булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп денеска се претвори во вистинска детска велосипедска патека, исполнета со насмевки, радост и позитивна енергија. Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која привлече голем интерес кај најмладите и нивните семејства. Малите велосипедисти, придружувани и бодрени од своите родители и најблиски,





