Ристовски го отвори „Олимпик Опен 2026“ – Над 1.000 каратисти од 10 земји настапуваат во Скопје
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска го означи стартот на 4. издание на Меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен 2026“ што се одржува во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Организатор на турнирот е КК Олимпик со поддршка од Министерството за спорт. КК Олимпик е клуб со повеќе од две децении традиција од чии редови излегле бројни македонски репрезентативци










