Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија слави 40. роденден
„Звук што расте“ е насловен концертот со кој Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ ќе одбележи 40 години. Концертот ќе се одржи вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето. Диригент е Иван Еминовиќ, а ќе бидат изведени дела од Властимир Николовски, Бете Илин, Дамир Имери,










