Притвор за 55-годишник кој со пиштол пукал и ѝ се заканувал на сопругата пред нивните деца
Основното јавно обвинителство од Скопје нареди истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривичното дело Убиство во обид, а против него е поведена и постапка за Загрозување на сигурноста. Како што објави ОЈО, на 1 март во семејниот дом, во присуство и на друго лице, при вршење семејно насилство тој со умисла се обидел да ја убие својата сопруга









