Целески: Учеството на турнири од висок ранг носи вредно искуство и поени за европски и светски ранкинг
Охрид, 14. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сребрен медал од неодамнешниот меѓународниот турнир во олимписко теквондо „Скопје Опен“ е најновиот трофеј во витрината на младиот охриѓанец Ненад Целески. Таеквондо тренира полни 10 години, од својата шеста година, следејќи ги стапките на својот татко. Со дисциплина, тренинзи, љубов и посветеност постигнува завидни

