Тирана го потврди Бојан Илиевски
Досегашниот десен бек на тимот на Струга ТЛ, Бојан Илиевски и официјално својата кариера ја продолжува во тимот на Тирана од Албанија. Нашиот повремен репрезентативец заминува со својот прв интернационален трансфер, откако во домашниот шампионат го носеше уште дресот и на Пелистер, Македонија ЃП и Работнички. Илиевски има и десет настапи за А репрезентацијата

