Симфониски концерт за деца во Филхармонија: премиера на „Магичната флејта на Вулфи“
Македонската филхармонија на 14 март со почеток во 12 часот ќе одржи симфониски концерт за деца, на кој премиерно ќе биде изведена музичката приказна „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната е Тина Иванова, која ќе се појави и како нараторка на концертот, додека како актер ќе настапи Мартин Јордановски, миленик на најмладата публика. Концертот










