Охриѓанец каснат од куче скитник во близина на спортски центар
Охрид, 1. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти ноември 2024 година, во 13:30 часот, 61-годишно лице од Охрид, во надлежната Полициска станица пријавило дека било нападнато и каснато од куче скитник. – Инцидентот се случил претходниот ден, на 29-ти ноември 2024 година, во близина на спортски центар во Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР