100 години ЗОО Скопје: Визионерската идеја на Станко Караман што го обликуваше градот
Во октомври 1926 година, биологот и научник Станко Караман ја поставува основата на Зоолошката градина Скопје во рамките на Градскиот парк. Неговата визија била далекусежна и напредна за тоа време – ЗОО Скопје да биде современ простор за едукација, научен пристап и хуман однос кон животните. Во период кога вакви концепти биле реткост, зоолошката градина








