Македонскиот документарец испиша историја – „Приказната за Силјан“ номинирана за две „Еми“
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, испиша нова страница во македонската филмска историја, откако доби две номинации за 78. издание на престижните телевизиски награди „Еми“. Станува збор за прво македонско филмско остварување кое е номинирано за овие престижни признанија, што претставува историски успех за домашната









