Сиљановска-Давкова на средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјава. Таа ја истакна улогата на Советот на Европа, како најстара европска институција, којашто повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото,










