Одличен перформанс на Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска на „Охридско лето“
Настапот на пијанистките Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска, беше од оние концертни вечери на годинешново „Охридско лето“ кога добрата енергија и взаемно уживање струи меѓу уметниците и публиката. Следејќи ги солистичките кариери и педагошката дејност на пијанистките, што со голема посветеност ги развиваат низ годините, за очекување беше