притисни ентер »

Петок во широк фустан на риги
Петок во широк фустан на риги

Петок во широк фустан на риги

Петок е убав ден пред викенд, па затоа ќе се освежиме со разигран стајлинг. За денес предложуваме широк, макси фустан на риги. Ова црвено бело парче облека на прерамки е како дефиниција за прекрасен летен ден. Фустанот ќе го комбинираме со рамни сандали во светло кафена нијанса, сламен шешир и чанта. Ви посакуваме убав викенд. Фото:Pinterest

Среда во фустан на риги и шешир

Среда во фустан на риги и шешир

Денешната среда е за светло син, миди фустан на риги што ги истакнува рамената. На овој начин добивате впечатлив изглед со доза на елеганција. Фустанот го спојуваме со бели балетанки, сламен шешир и сламена чанта. Совршен изглед за топол летен ден. Имајте среќна среда. Фото: Pinterest