Сензационален слалом во Шладминг, се радуваше Французинот Ноел
Саломската претстава во Шладминг, во рамки на Светскиот куп во алпско скијање доби сензационален расплет, кој беше режиран во втората трка, кога од позициите на подиумот отпаднаа, речиси, сите фаворити. Победник е 25-годишниот Французин Клеман Ноел, кој се израдува на десеттата победа во светскиот куп, сите во слалом, но прва по декември 2021 година