„Фајненшл тајмс“: Руте со поддршката за Трамп го налути европскиот блок – НАТО пред нови поделби околу војната со Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предизвика остри реакции во европските престолнини со својата недвосмислена поддршка за војната што Доналд Трамп ја започна против Иран. Неговите изјави доаѓаат во момент кога Европа се соочува со енергетски шок предизвикан од конфликтот, што создава дополнителни тензии во рамките на трансатлантскиот сојуз,










