Без вода утре дел oд Карпош
Дел од корисниците на улицата „Његошева“ во Општина Карпош утре, 7 октомври, ќе останат без вода поради уличен водоводен дефект. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе започне во 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот. Дефектот е на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Његошева“ број 15.








