Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа
Општина Центар Жупа и во следните четири години ќе ја предводи Аријан Ибраим, кому ова му е четврт последователен мандат на чело на општината. -На денешните повторени избори правото на глас го остварија 1003 граѓани од вкупно запишаните 7652. Од нив 973 гласале за Аријан Ибраим, додека 30 се неважечки ливчиња. Изборниот ден мина без никакви проблеми,









