Многу топло време со можност за пороен дожд
Продолжува периодот на многу топло време со максимални температури околу 40 степени. За денеска се најавуваат дневни температури од 32 до 39 степени, со можност за краткотраен пороен дожд попладне. Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност во текот на денот.










