16 години не е ажурирана листата за забранети супстанци во козметичките производи, а не се испитуваат ни детските играчки, вели Државниот ревизор
Шеснаесет години не е ажурирана листата за забранети супстанци во козметичките производи кои се пуштени во промет на територија на Македонија, а ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци (фталати и бор) во детските играчки кои се увезуваат и пуштаат во промет на територијата на државата, се вели меѓудругото во извештајот








