За 24 часа 110 илјади сообраќајни прекршоци во Скопје, 90% се за пребрзо возење – МВР ја разгледува можноста за 10% толеранција
Камерите на „Safe City“ регистрирале 110 илјади прекршоци во првите 24 часа само во Скопје. Или поинаку кажано – 77 прекршоци во минута – и тоа само во првиот тест ден. Најмногу, околу 90%, се за прекумерна брзина, а над 5 илјади прекршоци се за поминување на црвено светло. Од Министерството за внатрешни работи велат дека системот е во фаза на консолидација










