ФОТО НА КОЛОТО: И битолчани дочекаа да се израдуваат!
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB Конечно. Конечно по околу 2,5 месеци фудбалска Битола дочека да се израдува на победа на своето милениче – Пелистер. Триумф против Брера со 1:0, кој дојде како “мелем на рана“ за сите во клубот. Не дека избраниците на Милан Стојановски одиграа којзнае како, но сепак треба да се каже дека победа си е победа. Па по мечот,

