Без вода денес дел од една скопска општина
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат корисниците од село Драчево. Од таму информираат дека поради уличен дефект ф 100 мм на улица Домазетовска бр.5, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со работните активности







