Активни три пожари- кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија
Вкупно 23 пожари на отворен простор се регострирани во земјава до 18:00 часот, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати, соопштија од ЦУК. Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија. Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската депонија Острец.