„Златна скополија“ – награда за исклучителен придонес кон светската кинематографија ќе се додели на режисерското дуо Малгожата Шумовска и Михал Енглерт
Во пресрет на 26. Издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ26), најавено е востановување на фестивалската награда за исклучителен придонес кон светската кинематографија – „Златна Скополија“, посветена на авторите кои оставиле неизбришлива трага во развојот и еволуцијата на светскиот филмски јазик. Оваа година, „Златна Скополија“ ќе се додели на режисерското








