Штип УГД го „прегази“ Работнички – одбојкарите се загреваат за европскиот меч со италијански Милано
Одбојкарите на Штип УГД одиграат уште еден маестрален меч каде со убедливи 3-0 во сетови славеа над Работнички пред својата публика во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Без воопшто проблеми момците на Кристиан Ристески доминираа на уште еден меч од Првата лига и забележаа нова победа со што Штип УГД има максимален ефект во домашното првенство








