„Покажавме како се игра со срце“
Првиот чекор кон пласман на Европското првенство е направен. Македонската женска ракометна репрезентација дојде до планираната победа против Белгија, откако во Куманово славеше со 33-28. Нашите ракометарки се вратија во друштвото на третонајдобро пласирани репрезентации кои токму од оваа позиција можат да стигнат до континенталното натпреварување.









