Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“
Под падините на Јабланица, во прегратките на природата и жуборот на вевчанските извори, повторно оживува уметноста. Вевчани е домаќин на 16-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“, која на едно место обедини 16 домашни и странски уметници. Во наредните десет дена, инспирирани од природните убавини, автентичната архитектура и богатото





