Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари
Во врска со видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја извести јавноста дека веднаш биле преземени мерки и активности и лицата се пронајдени, извршен е службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.