Гази Баба по земјотресот: Како раѓањето на едно бебе во шаторската населба стана симбол на надежта за Скопје
Додека од под урнатините на Скопје се извлекуваа стотици загинати, во една од новоформираните шаторски населби се слушна првиот плач на новороденче – симболичниот почеток на воскреснувањето на градот. На 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес, се навраќаме на првите, најтешки денови по трагедијата – период на грозничава борба за секој живот, но