На 108 години во САД почина најстарата битолска Еврејка Рејчел Нахмијас, која го преживеа Холокаустот
На 108-годишна возраст во Бостон, САД, почина Рејчел Нахмијас, најстарата Еврејка од Битола која го преживеа Холокаустот. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзината роднина, познатата американска ладино-пејачка Сара Ароести, која исто така има битолско потекло. „Како единствена преживеана од своето семејство по Холокаустот и една од само два процента




