Вон одлична и на спустот во Ст. Мориц, победа за Германката Ајхер
Германката Ема Ајхер е победничка на денешниот спуст од Светскиот куп во Ст. Мориц. Ајхер победи со време од 1:30,50, а 41-годишната Вон заврши втора, 24 стотинки зад победничката, (1:30,74) откако победи на првиот спуст на швајцарската етапа во петокот. Трета на патеката Грисонс беше Италијанката Софија Гоџа, 29 стотинки зад победничката. На рангирањето

