Федерер верува дека Ѓоковиќ уште може да освои пехар на голем турнир
Додека беше на тенискиот терен, Роџер Федерер беше голем ривал на Новак Ѓоковиќ, посебно кога се работеше за освојување на титулите на гранслем-турнирите. Федерер веќе неколку сезони е во тениска пензија, додека Ѓоковиќ уште не се предава и со многу помладите од него рамноправно се натпреварува. Следниот голем предизвик е последниот грандслем во годината,




