Антикорупциска отвори предмет за скандалот во Институтот за јавно здравје: Под лупа набавки, вработувања и трошење јавни пари
Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за наодите од ревизорскиот извештај за работењето на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) за 2024 година, по серијата информации за сериозни неправилности што изминатите денови беа објавени во јавноста. Од Антикорупциската комисија соопштија дека предметот е отворен по сопствена иницијатива










