Делови од Стара чаршија во Скопје денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (17 мај) без електрична енергија ќе останат делови од општина Чаир. Според најавата, прекин во снабдувањето со струја ќе има во периодот од 08:00 до 15:00 часот кај корисниците од Старата чаршија, односно дел од улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“








