Во тоалетот на угостителски објект во Тетово полицијата пронашла кеса кокаин и фолија со марихуана
Синоќа во периодот од 21:20 до 23:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во повеќе угостителски објекти. Како што се наведува во полицискиот билтен, во објект на улицата „Димо Гавроски Кара“, во тоалетните простории, пронајдени биле мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја, кеса со бела прашкаста материја

