Влатко Стефановски со два концерта на 9 и на 10 мај во Македонската филхармонија ќе ја одбележи својата 50-годишна кариера
Врвниот македонски гитарист, композитор и музичка легенда, Влатко Стефановски, со два концерта на 9 и на 10 мај во Македонската филхармонија, ќе ја одбележи својата импозантна 50-годишна кариера. Покрај најавата за концертите, вчера пред јавноста беа претставени и неговите најнови винилни изданија за „Кроација рекордс“, како и персонализираните гитарски