Можно зголемување на кредитите и провизиите – Народната банка ја затегнува монетарната политика
Граѓаните и компаниите во наредниот период може да почувствуваат повисоки трошоци за кредити и банкарски услуги, откако Народната банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени. Новата основна каматна стапка сега изнесува 4,25 отсто, што претставува сигнал за банките дека може да ги прилагодат своите каматни услови. Гувернерот на










