Охриѓани првпат победија во „Автокоманда“
ГРК Охрид го совлада Алкалоид со 27-26 и тоа е прв историски триумф на Гладијаторите во салата „Автокоманда“. Оваа победа ги остава охриѓани во отворена битка за второто место. Сега тие имаат два бода повеќе од Еурофарм Пелистер кој задутре му гостува на лидерот Вардар 1961. Пилиповиќ со 10 одбрани и Јасухира со 7 голови беа најдобри поединци кај ГРК









