За 22,1 отсто зголемен бројот на случаи со грип, регистрирани 188 заболени
Во текот на 47. недела од годинава (од 16 ноември до 22 ноември), во Македонија, пријавени се 188 случаи (I=10,2/100.000 жители) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип. Се забележува зголемување од 22,1 отсто во однос на претходната 46-та недела (n=154), се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен






