ВИДЕО – Ирански дрон удри во облакодер во Бахреин
Сомнителен ирански дрон погодил висока зграда во Бахреин, јавуваат странските медиуми. Според информациите, ударот се случил во период кога иранските напади биле насочени кон американски воени цели во земјата, но засега не е јасно дали зградата била директна мета. Нема официјални податоци за жртви, а властите сè уште не објавиле детали за штетата.









