„Скудерија Ѓоковиќ“: Новак во гаражата на Ферари тренираше со механичарите
Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, од вчера и официјално е амбасадор на катарската државна авиокомпанија, а веќе денес присуствуваше на првиот официјален тренинг пред трката за ГН на Катар. Србинот беше во гаражата на Ферари и тоа во делот на Карлос Сајнц, па откако го заврши официјалното фотографирање, започна да тренира со механичарите