Автомобилите без возач ќе „вежбаат“ 100.000 километри дневно: Кина претстави нова технологија со вештачка интелигенција
Кинескиот технолошки гигант Baidu претстави нов систем со вештачка интелигенција кој може да го забрза развојот на автомобилите без возач. Технологијата наречена „Apollo World“ овозможува симулирање до 100.000 километри возење дневно, што според компанијата е еквивалентно на приближно три години тестирање на едно автономно возило во реални услови.





