Тоневски: Без комуналии за прв дом на млади брачни парови, поголема помош за трето дете во Пробиштип
Младите брачни парови до 35-годишна возраст во Општина Пробиштип од 1 јануари 2027 година нема да плаќаат комуналии при изградба на првиот сопствен дом. Од истиот датум, финансиската помош за трето и секое наредно новородено дете се зголемува од 8.000 на 15.000 денари, соопшти градоначалникот Тони Тоневски. Мерките се дел од поддршката со која Општината







