ФДУ и пет жени зад камерата: за борбата на режисерките да бидат слушнати
Во организација на Амбасадата на Грција во Северна Македонија и Факултетот за драмски уметности, а во соработка со Универзитетот „Еуропа Прима“, вчера на Факултетот за драмски уметности во Скопје, под пригушени светла и во атмосфера на тивко исчекување, пет жени седнаа една до друга. Иако доаѓаа од различни генерации и од две соседни земји – Грција









